Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаМладите кошаркари во европски поход

Младите кошаркари во европски поход

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години ќе учествува на европското првенство во Б дивизијата каде ќе се обидат да обезбедат пласман во А конкуренцијата. Мисијата ќе трае од 9 до 19 јули во Секешфехервар, Унгарија, а селекторот Љупчо Малинков има оптимизам за успех.

„Од првиот натрпевар со Белорусија ќе зависат многу работи. Групата не ни е толку силна, очекувам да ја минеме првата фаза, да се пласираме во следната рунда и со малку среќа можеме да оствариме значаен успех. Репрезентацијата има капацитет за пласман во А дивизијата. Со три победи во првата фаза, би биле многу блиску до пласман во полуфиналето“, истакна Малинков.

Доколку ја поминат првата фаза во нокаут системот ќе се соочат со двете првопласирани селекции од четирите групи. Во втората фаза водечките две селекции од групата Ц се вкрстуваат со најдобрите репрезентации од групата Д во која играат тимовите на домаќинот Унгарија, Словачка, Молдавија, Шведска и Албанија.

Младинците својот прв натпревар ќе го одиграат на 9-ти јули против Белорусија, два дена потоа ќе се судрат со Ерменија, а на 13-ти јули ќе играат против Швајцарија.