HomeРЕФЛЕКТОРДизајнМладите дизајнери од Балканот повторно на Skopje Design Week

Младите дизајнери од Балканот повторно на Skopje Design Week

wm-toy-cars-vlad-oana-romania-m

Една од најзначајните изложби „Young Balkan Designers“ која го обединува дизајн секторот од регионот, ќе биде повторно претставена во Скопје за време на Skopje Design Week. Оваа година, повторно под менторство на светски познатите членови на жири Константин Грчиќ и Никола Радељковиќ, ќе допатуваат 15 иновативни решенија на младата дизајнерска сцена од Балканот.

Темата на изложбата оваа година е со наслов „New Analogue“ и ќе донесе продукти кои го содржат човечкиот допир со процесот на дизајнирање и производство, поврзувајќи го со материјалите, занаетите и техниките на изработка што се дел од културната традиција на Балканот.

“Young Balkan Designers” оваа година е составена од прототип решенија на дизајнери од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Македонија, Романија, Србија, Словенија и Турција. Изложбата е дел од активностите на Балканската дизајн мрежа, основана од Друштвото на хрватски дизајнери од Загреб, „Миксер“ од Белград и „Јавна соба“ од Скопје. Пред да биде изложена на Недела на дизајнот во Скопје, изложбата беше претставена на фестивалот „Индиго“ во Љублана, Словенија.

Недела на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week), кое годинава ќе се одржи од 23 до 27 ноември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ (Public Room) во Скопје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com