Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмМладиот Хан Соло ќе го игра Алден Еренрајх

Младиот Хан Соло ќе го игра Алден Еренрајх

Филмот за најпознатиот криумчар ширум светот доби главен лик! Улогата на Хан Соло ќе ја толкува Алден Еренрајх, беше соопштено за време на прославата по повод денот „Star Wars“. За време на панел дискусијата во Лондон, режисерите Фил Лорд и Кристофер Милер објасниле дека во текот на изминатите шест месеци направиле околу 3.000 аудиции со различни актери додека да го пронајдат вистинскиот.

Han-Solo-1

Еренрајх веќе неколку години се обидува да се пробие во Холивуд, а запазена улога имаше во филмот „Hail, Caesar!“ Она што го изразувало режисерите било тоа што насмевката на овој млад актер потсетувала на онаа на Харисон Форд, за кој многу обожаватели велат дека е единствениот Хан Соло.

Han-Solo-2