Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМладиот фудбалер Александар Пандовски им подлегна на повредите

Младиот фудбалер Александар Пандовски им подлегна на повредите

По четири дена во кома, младиот фудбалер Александар Пандовски им подлегна на повредите здобиени во тешката сообраќајна несреќа, која се случи во понеделникот навечер во Скопје.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија во фудбал, со брзина од околу 130 километри на час загубил контрола врз неговото возило „голф“ и влетал во бензинската пумпа. Со него бил неговиот татко, кој се здоби со сериозни повреди.

Александар имаше само 23 години, а има настапувано речиси за сите македонски селекции во младинска категорија. Играше за Вардар, Работнички и Хоризонт Турново, а последно играше за второлигашот „Еуромилк“.