Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузејМлади ликовни таленти творат во Струга до 30 јуни

Млади ликовни таленти творат во Струга до 30 јуни

Ликовно-образновниот камп ,,Вангел Коџоман” во Струга ја отвори деветтата ликовна колонија посветена на доајенот на ликовната педагогија и ликовната уметност во Македонија, академик Ванѓел Коџоман.

Овој ликовно-образовен камп е во организација на Детскиот ликовен центар од Скопје.

Според предвидената програма Околу 40 млади ликовни таленти од Македонија под менторство на неколку афирмирани професори по ликовна уметност ќе се образуваат за работа во повеќе ликовни техники. Ќе работат цртеж-молив на хартија, туш и перце на хартија, ќе сликаат со темперни и акрилни бои на платно. Во графичката работилница ќе работат на идејна скица и цртеж  со подготовка за печатење на хартија со печатарски бои на издлабен линолеум.Учесниците ќе бидат сместени во детското одморашиште ,,Majски цвет”

STRUGA 1

Струга ова лето 2015 е вистинска инспирација за ликовно творештво

Нивните дела ќе бидат презентирани на изложба на 8. Септември-Денот на независноста на РМ во галеријата на Детскиот ликовен центар во библиотеката „Другарче“-Кинотека на Македонија.

Манифестацијата е помогната од Министерството за култура, Општина Карпош и семејството Коџоман.