Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМлада девојка загинала од струен удар додека била на одмор во Улцињ

Млада девојка загинала од струен удар додека била на одмор во Улцињ

Вчеравечер во околу 20 часот загинала 24-годишна девојка од Урошевац, која дошла на летување во Улцињ.

Причина за несреќата бил струен удар кој се случил додека девојката се туширала во куќата во која била сместена. Екипата на Брза помош веднаш пристигнала на лице место, но не успеала да го спаси животот на девојката.

Од неофицијалните информации може да се извлече дека електроинсталацијата во куќата била прилично неисправна.