Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнМКЦ ја стартува изложбата „НАОДИ“ која беше дел од Биеналето

МКЦ ја стартува изложбата „НАОДИ“ која беше дел од Биеналето

Младинскиот културен центар денеска ќе ја отвори изложбата „НАОДИ“ со која Република Македонија се претстави на 14-та Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција изминатата година, а беше во организација на МКЦ. Отворањето на изложбата е закажано во 20.00 часот, во Концертната сала на Младинскиот културен центар во Скопје.

На настанот ќе биде промовирана и публикацијата „НАОДИ: Павилјон на Република Македонија, 14-та Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција“, направена за потребите на македонското национално претставување, во која се поместени резултатите од истражувањето на поставената тема на Националните павилјони – „Впивање на модернизмот 1914 – 2014“.