Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМизо: Преговараме со повеќе странски инвеститори. Дали ќе остане на тоа?

Мизо: Преговараме со повеќе странски инвеститори. Дали ќе остане на тоа?

Виктор Мизо, директорот на ТИРЗ очекува нови странски инвестиции во Македонија со оглед на тоа што се водат преговори со повеќе сериозни компании.

„Преговараме со повеќе компании кои се заинтересирани и сакаат да инвестираат во Македонија. Поголем број од нив се дел од автомобилската индустрија, а компаниите кои веќе се тука ни помагаат да привлечеме нови“ изјави Виктор Мизо при гостувањето во ТВ Нова.

industriska-zona-fabrika

Странските инвестиции за 2016-та се далеку под очекувањата со реализирани 125 милиони директни средства и тоа е одраз на лошата реализација на економските политики, но и долгата политичка криза и несигурноста. Затоа се надеваме дека преговорите нема да останат на тоа, односно дека бројот на странски инвестиции ќе се зголеми.