Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМицкоски во одбрана на Јанкуловска: Ја осудија за возило кое сега го користи власта

Мицкоски во одбрана на Јанкуловска: Ја осудија за возило кое сега го користи власта

Христијан Мицкоски, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, застана во одбрана на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и не даде поддршка за пресудата на Врховниот суд со кој се потврдува дека таа треба да лежи во затвор за сторени кривично дело.

“Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи власта на Заев, Гордана Јанкуловска ќе оди во затвор.

Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев. Ова не е никаква правда, туку начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали, криминали и неуспеси на мафијата на власт.

Јанкуловска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и тука таргетот не е Јанкуловска, туку ВМРО ДПМНЕ.

Оваа одлука на судот е ден по раскрвавената глава на Палевски, и откако целокупното судство и истото обвинителство ги пропушти и амнестираше сите скандали на мафијата.

И не заборавајте, Горде е мајка на еден мал ангел, но и ова ќе помине, а срамот на Заев и мафијата за ваквата тортура ќе остане. Мафијата не треба да се плаши од освета, туку од правда, а таа ќе дојде”, напиша Мицкоски.

Јанкуловска треба да лежи во затвор четири години за спорната набавка на службениот владин блиндиран мерцедес, додека пак се потврдува и пресудата во времетраење од две години казна затвор и за екс премиерот Груевски кој побегна од Македонија.