Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба.

Институционално, да се покрие вонредната состојба, прогласена од претседателот Стево Пендаровски на почетокот на март,  Собранието ќе мора да гласа со  2/3 -ско мнозинство. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски , по тој повод се обрати на јавноста преку ФБ статус. Тој напиша:
„Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ во Собранието ќе гласа ПРОТИВ одлуките за вонредна состојба од три причини:
1. Oдлуките за вонредна состојба беа донесени за подобро справување со пандемијата, но за жал денес имаме многу полоши состојби во пандемијата.
2. Oснова за овие одлуки беше справување со економските последици од пандемијата. Денес, имаме драстично влошување на економските состојби и зголемена невработеност.
3. Владата ги манипулираше основите и носеше Уредби со законска сила коишто беа злоупотребени за изборен поткуп или за менување на Изборен законик во последен момент.
Доказ за тоа е дека Уставниот суд поништи десетина уредби донесени од владата во тој момент“.
Уставните експерти, беа со поделено мислење, како законски да се регулира вонредната состојба, која за прв пат во независноста на Македонија беше воведена, и се соочивме со правни празнини  и недоречености. Сите се согласни, дека со амандмани на Законите кои ја регулираат оваа правна материја, во иднина ќе треба да се прецизираат условите и начините кој, кога и како прогласува вонредна состојба.