Friday, Nov 27, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаМицкоски: На Заев ќе му се случи народ ако го прифати ултиматумот за идентитетот

Мицкоски: На Заев ќе му се случи народ ако го прифати ултиматумот за идентитетот

hristijan-mickoski

Ако Зоран Заев го одбрани националниот интерес ќе му честитам, ако направи предавство ќе му се случи народ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Ако Владата постигне решение заштитувајќи го нашиот македонски јазик, не се откаже од македонското малцинство, ги заштити историјата, имињата и жртвата на дејците кои што животот го положија за независна македонска држава, решение во кое што нема окупаторите да бидат административци, тогаш јас ќе бидам првиот кој што ќе застанам овде пред вас и ќе им честитам и ќе им ја стегнам раката, и ќе им речам секоја чест ги запазивте и одбранивте македонските национални интереси. Но, во исто време предупредувам, ако владата се обидува да преговара за решение кое што ќе го негира нашиот идентитет, историјата, антропологијата на нашиот македонски јазик, неговата посебност, во кое што ќе ги понижи жртвите на македонските дејци кои што се бореа за независна македонска современа држава, ако во исто време преговара за решение со кое што ќе се откаже од македонското малцинство кај нашиот источен сосед, ако во исто време преговара за решение кое што подразбира дека окупаторот бил административец, тогаш јас ви ветувам ќе им се случи народ истиот ден низ цела Македонија – порача Мицкоски.

Лидерот на опозицијата е против било кое решение кое ќе овозможи асимилација на Македонија под изговор за обезбедување на европската иднина.