Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМицкоски на Вархеји му ја пренел загриженоста за корупцијата монтирана и во Извештајот на ЕК

Мицкоски на Вархеји му ја пренел загриженоста за корупцијата монтирана и во Извештајот на ЕК

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски упати критики за слабостите кои се нотирани во новиот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија особено во деловите за справување со корупцијата како и злоупотребата на институтот “европско знаменце” за носење закони по скратена постапка во Собранието.

“Заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, денеска остваривме средба со комесарот за соседство и проширување на Европската Унија – Оливер Вархеји на која разговаравме за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во Република Македонија.

Се осврнав и на извештајот и документот којшто вчера Европската комисија го објави за Република Македонија. Искажав загриженост во однос на извештајот на Европската комисија за слабостите и злоупотребите на механизмите и институциите од страна на власта. Укажав на слабостите и недоволното справување со корупцијата која е распространета во сите области.

Искажав загриженост и за злоупотребата на носење на закони по скратена постапка со европско знаменце, како и слабиот напредок во подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на загаденоста.

Истакнав дека опозицијата и во минатото укажуваше дека европското знаменце и брзите постапки беа злоупотребувани од мнозинството на власт во десетици наврати, како за носење закони за фабрики за марихуана, така и за закони за правосудството.

На средбата исто така разменивме и мислења за актуелните случувања и состојби во регионот. Посочив дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на членството во Европската Унија” соопшти Мицкоски.