Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМитриновски: Ме разрешија Михајло и Филимена Маневски затоа што ја пензионирав

Митриновски: Ме разрешија Михајло и Филимена Маневски затоа што ја пензионирав

Седницата на која Судскиот совет требаше да го разгледува разрешувањето на поранешниот судија, Јордан Митриновски се одложи за 11.мај, јавува „Нова ТВ“.

Во изјава пред медиумите, Митриновски вели зад неговото разрешување стојат екс министерот за правда, Михајло Маневски и неговата Сопруга Филимена Маневска, бидејќи бил во отворен конфликт со нив.

„Конфликтот со Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена Маневска со мене беше отворен. Таа не можеше да го прежали нејзиното пензионирање, бидејќи јас како претседател на Апелациониот суд Скопје го потпишав решението за пензионирање. Јас се спротивставував на нивните незаконски работи, на нивните мешања во судот и за тоа дојдовме во отворен конфликт. Јас цело време максимално и чесно си работев. Им сметаше тоа и мораше да бидам тргнат“, изјави Митриновски.

Иако разрешениот судија Митриновски во 2015 година ја доби пресудата во Европскиот суд за човекови права во Стразбур за неговото разрешување од функцијата во 2011, Судскиот совет одлучи да ја повтори постапката за разрешување, но седницата се одложи поради отсуство на неговиот бранител, Ефто Спировски.

Митриновски дополни дека станува збор за апсурдна ситуација, и рече дека Судскиот совертреба да постапи според пресудата од судот во Стразбур, односно да заклучи дека барањето за разрешување било незаконско и дека не ни требало да биде покренато, како една морална сатисфакција.

Тој во моментов има статус на пензионер и не може да се врати на работното место.