HomeДЕНЕШНАРепубликаМитко Чавков изјави дека бил спречен терористички напад во Македонија

Митко Чавков изјави дека бил спречен терористички напад во Македонија

mitko-cavkov-11-670x400

Министерството за внатрешни работи спречи терористички напад во Македонија, соопшти директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Тој кажа дека се работи за две лица на возраст од 23 и 24 години од Скопје за кои се преземаат мерки за лишување од слобода.

Двете лица се сомничат дека планирале терористички напади и за поврзаност со повратници од ИСИС. Акцијата е дел од регионална антитерористичка операција во која учествуваа македонските, албанските и косовските служби, додаде директорот на БЈБ.

По претходно издадени наредби, извршени се два претреса од кои едниот во Скопје, а другиот во село Арачиново, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони со сим картички, фотоапарати со микро картички, метален боксирач, регистарски ознаки, куршум, компјутерки куќишта, таблет, УСБ и разна документација, рече Чавков.

За време на претресите е уапсено 24 годишното лице од Арачиново, а второто лице не е пронајдено и за него МВР има сознанија дека се наоѓа во Косово.

– Против лицето кое е пронајдено е поднесена кривична пријава за постоење основи на сомнение за кривично дело „тероризам“ по член 394-б од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, рече Чавков.

Извор: a1on.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com