HomeДЕНЕШНАПолитикаМитинзи во повеќе градови, ова е партиската изборна агенда

Митинзи во повеќе градови, ова е партиската изборна агенда

mitinzi

Во 9-от ден од изборната кампања партиите продолжуваат со своите промотивни активности за привлекување на гласачи и веќе се одредени местата каде ќе одржат митинг или средби за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Гостивар и во Тетово, додека пак, СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе одржат митинзи во Македонска Каменица и во Делчево.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средби со граѓани во Тетово и Гостивар и ќе одржи трибина во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Кичево. Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе одржи митинг во Боговиње. Kоалицијата за промени и правда ќе има средби со граѓаните на Пржино, Црниче и Кисела Вода.

Алијансата за Албанците ќе одржи митинг во Теарце и во Бутел.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com