Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМитинг за поддршка на Ердоган во Истанбул

Митинг за поддршка на Ердоган во Истанбул

Повеќе од десетици илјади луѓе учествуваа на денешниот митинг во Истанбул во знак на поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претстојниот референдум за уставни промени.

Ердоган истакна дека со потврдниот глас на референдумот, што е закажан на 16 април, на Турција ќе и донесе поголема стабилност и моќ.

– Дали сакате на 16 април да и кажете „да“ на силна Турција? Дали сакате голема Турција, го запраша Ердоган насобраниот народ, кој громогласно потврдно одговри.

Тој со хекикоптер пристигна во квартот Јеникапи, каде се одржа митингот. На истото место Ердоган одржа митинг и на седми август 2016 година, што беше одржан за зајакнување на националната солидарност по неуспешниот воен удар на 15 јули.