Friday, Mar 29, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАДосие XМистериозни кругови се појавија на поле во Русија

Мистериозни кругови се појавија на поле во Русија

Геоглифите се омилена мистерија на научниците. Руските уфолози се собраа во градот Толјати поради овој феномен. Имено, геоглиф се појави на поле засеано со леќа, вторпат во последните десет години, пренесуваат руските медиуми.
Интересно е што првиот пат во истата област овој необичен феномен се случил речиси точно пред десет години, на 22-ри јули 2005 година. Уфолозите тогаш не можеле да ја откријат причината за појавата на овој феномен.

„Денеска дојдовме тука. Видовме дека во областа има некакви кругови. Покрај тоа, класовите на зрнестите култури во полето се прекршени, но не и откинати. Тоа е чудна технологија… Направивме фотографија, разгледавме сé и ќе направиме анализи и ќе ги споредиме со сличните појави кои се регистрирани во Толјати пред десет години“, изјавил за агенцијата РИА, претставник на локалното здружение на уфолозите во Самарската област, Никита Романов.

Според него, сличната појава регистрирана на полињата со леќа во Толјати пред десет години се разликува од сегашната за само еден ден, мистериозните кругови сега се појавиле на 21-ви јули. Истакнал дека во овој случај и шарите на почвата потсетуваат на оние од пред една деценија. Фотографиите ги направил со помош на квадрохоптер. Портпаролот на одделот на министерството за внатрешни работи на Самарската област за агенцијата изјавил дека полицијата не добила пријава за овој случај.