Friday, Apr 19, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАДосие XМистериозен експеримент: Емоциите влијаат на водата

Мистериозен експеримент: Емоциите влијаат на водата

Доктор Mасару Eмото е јапонски истражувач кој привлече големо внимание со експериментот за менување на молекулите на водата со човечки емоции. Тој тврдеше дека со позитивни и негативни мисли и зборови молекулите на водата формираат различни кристали кои се видливи при нејзино смрзнување. Водата на која и се обраќал со убави и пофални зборови формирала кристали со чиста форма, додека пак садот со вода кој го навредувал формирал хаотични кристали без естетика. Сега, Eмото продолжува со своето тврдење дека позитивните мисли може да ја променат молекуларната состојба на елементите, па овој пат истото го направил со два сада со потопен ориз. Резултатите се идентични, односно убавите зборови и емоции предизвикале оризот да се развие, додека пак садот со ориз кој бил навредуван почнал да скапува и гние.

masaru2

Но, експериментот на Масару Емото е критикуван од многумина научници, бидејќи формирањето на кристли лесно се манипулира со додавање на различни состојки, а не е проверено ниту потеклото на водата, односно дали е речна, езерска, морска или обична вода од чешма. За да се докаже дека не е во право Хериет Хол ја следела истата процедура но, со додавање на два сада со ориз, од кои едниот е контролен односно неутрален, а на четвртиот сад со ориз му се читале говори од политичари. По 30 дена на фалби, навреди, политички говори и игнорирање сите садови со ориз имале речиси идентична состојба, ниту еден од нив не процветал ниту пак почнал да скапува.

rise experiment

Целата идеја на Масару Емото е дека со позитивни мисли и убави зборови може да се подобри физичката состојба на водата која како основен елемент во планетата, па и во човековите тела ќе придонесе за подобар и похармоничен живот. Самиот Емото признава дека при експериментот не го следел научниот метод, што остава простор за сомнеж дека сликите од убаво формираните водени кристали се случајно одбрани и дека убавите или лошите зборови немаат никаков ефект.

Од оваа философија може нешто да се научи, односно позитивните мисли и убавото однесување не штетат никому и може да придонесат во градење на правилен однос со природата, околината, луѓето и правење на добро.