Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМишел Сален: „Колку побрзо започнат преговорите за грчкиот долг, толку подобро“

Мишел Сален: „Колку побрзо започнат преговорите за грчкиот долг, толку подобро“

Мишел Сален, францускиот министер за финансии се огласи со ставот дека е нужно брзо започнување на преговорите за отпишување на грчкиот долг бидејќи тоа би било од корист за сите.


“Побрзото надминување на прашањето со грчкиот долг е во интерес и на Грција, бидејќи на тој начин земјата ќе биде посамостојна во донесувањето одлуки поврзани со нејзиниот развој“, рече Сален.


На средбата во Париз со неговиот колега од Грција, Еуклид Цакалотос, добил уверување дека грчката Влада е решена да ги исполни преземените обврски на среден и на долг рок, како и тоа дека целта на Грција е да се изработи сериозна среднорочна стартегија, која ќе обезбеди одржливост и перспективи на грчката економија.