HomeДЕНЕШНАРепубликаМинусни температури низ Македонија, до кога ќе трае студениот бран

Минусни температури низ Македонија, до кога ќе трае студениот бран

ladno-vreme-zima

Студен бран ја зафати земјава- најстуден град во земјава изутрината беше Берово со -16 степени, потоа Крива Паланка со -11, Лазорополе и Маврово со -10, Крушево и Битола со -9. Во Скопје е измерен -1 целзиусов степен.

Не се предвидуваат нови врнежи од снег, само во Маврово има наврнато 20-тина сантиметри. И утре треба да биде ведро и студено, со утринска температура меѓу -8 и нулата и малку потопло од денеска со температура од 6 до 13 степени во текот на денот.

Во наредните денови се очекува температурата да расте.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com