Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМинистерството за култура додели стипендии за талентирани уметници и дефицитарен кадар во културата

Министерството за култура додели стипендии за талентирани уметници и дефицитарен кадар во културата

Од конкурсот за стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарен кадар во дејностите во областа на културата, Министерството за култура додели вкупно 32 стипендии за 2016 година. Од нив 16 се за музичко- сценската дејност, 11 се за усовршување во областа на визуелните уметности, архитектура, дизајн. Додека 4 стипендии се доделени за заштита на културното наледство и една стипендија за филмска дејност. На денешната прес-конференција беа претставени седум уметници кои своето образование со помош на овие стипендии ќе го  доусовршат на редовни, постдипломски, докторски студии и специјализации на високообразовни институции во странство. Поддршката на младите студенти ќе продолжи во текот на целото нивно студирање. Однсоно доколку на некој од студентите му е доделена стипендија за првата година таа нема да изостави и во наредните години од неговото школување.