Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаMинистерството за здравство набави 3000 вакцини против стрептокока-имунизацијата не е задолжителна

Mинистерството за здравство набави 3000 вакцини против стрептокока-имунизацијата не е задолжителна

Министерството за здравство набави 3000 вакцини против стрептокока кои се наменети за деца на возраст од шест недели до пет годишна возраст. Имунизацијата против оваа бактерија не е задолжителна и е бесзплатна.

Министерот за здравство Никола Тодоров соопшти дека сите родители кои сакаат да ги вакцинираат своите деца треба да се обратат во центрите за вакцинација во нивното место на живеење и да се пријават, каде во рок од 10 дена ќе бидат повикани на вакцинација.

Тодоров додаде дека според досегашното искуство, поголем дел од родителите бараат вакцинација, односно заштита за децата  од бактеријата стрептокока која релативно често предизвикува болести кај децата.

Министерот информираше дека набавката чинела 11 милиони денари, а вакцините се набавени од ,,Пастер” од Франција