Friday, Sep 22, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаМинистерството за труд и социјална политика со нови помагала за слепите лица

Министерството за труд и социјална политика со нови помагала за слепите лица

Говорни мерачи на шеќер во крвта, притисок, говорни топломери и часовници на брајово писмо се новите помагала кои слепите лица преку новиот проект на Министерството за труд и социјална политика, за кој се издвоени околу 1 милион денари.

Министерот Диме Спасов ја потенцираше посветеноста и огромната грижа за луѓето со инвалидитет.
„За слепите лица го воведовме додатокот за потполно слепило од 7.000 денари месечно кој во моментов го остваруваат над 2.500 лица. Го зголемивме и посебниот додаток за децата со инвалидност за 50 проценти за оние кои имаат самохрани родители и за 25 проценти за семејствата кои се приматели на социјална и постојана парична помош.”

Претседателот на Националниот сојуз на слепи лица, Жарко Селкоски, изрази огромна благодарност за целиот труд и помош што на ваквите лица им го олеснува секојдневниот живот.