Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМинистерството за финансии ја откажа денешната аукција на државни записи

Министерството за финансии ја откажа денешната аукција на државни записи

Министерството за финансии нема да ја одржи аукцијата на државни записи, предвидена за денеска согласно календарот објавен на веб-страната на институцијата.

Од Министерството велат дека аукцијата е откажана во насока на сведување на домашното нето задолжување по основ на државни хартии од вредност кон нула, со што ќе се остават повеќе ликвидни средства во стопанството за кредитирање на бизнисот.

Ова е седма аукција која Министерството ја имаше предвидено, а не ја одржа. Во септември доспеваат за враќање осум аукции, а согласно календарот предвидени се две нови аукции.