Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМинистерство за култура: Го осудуваме вчерашниот вандалски чин

Министерство за култура: Го осудуваме вчерашниот вандалски чин

По боењето на Министерството на култура од страна на граѓаниете кои излегоа на вчерашните протести, пристигна и  реакцијата на Министерството за култура, каде се бара од Министерството за внатрешни работи да се најдат виновниците во најкус временски рок.

Се прашуваме дали ваквиот насилен однос кон културните институции во земјава и кон културното наследство кое го поседуваме како држава е алтернативата која ја нудат Граѓанското здружение „Протестирам“ и СДСМ за иднината на Македонија“ – се вели во соопштението од Министерството за култура.

Министерството за култура бара од Министерството за внатрешни работи во најкус временски период да ги спроведе сите потребни мерки за пронаоѓање на виновниците за, како што се наведува, ваквиот нецивилизиран чин.

„ Против овие лица, согласно законот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а за инцидентот детално ќе се информира и Канцеларијата на Европската Унија во Скопје“ – информира Министерството за култура.