Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакомет„Министерот за одбрана“ се сели во Барселона

„Министерот за одбрана“ се сели во Барселона

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, потпиша двегодишен договор со гигантот Барселона, а информацијата за доаѓањето на 33-годишниот голман ја потврди и официјалниот веб-сајт на клубот.

Македонскиот „министер за одбрана“ кој во моментов го носи дресот на Рајн Некар, веќе ги поминал медицинските прегледи и го потпишал договорот со шпанскиот тим, понуда која, како што вели на својот Фејсбук статус, не се одбива.


„Сите оние работи во животот кои што ги испуштив заради мојата посветеност на ракометот на крајот се исплатија. Моето заминување од Рајн Некар Левен беше тешка одлука. Но, повикот од гигант како Барселона не се одбива. Единствено залам што мојот татко не е со мене да заедно се израдуваме на овој мој трансфер.“, напиша Борко во емотивниот статус.