Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМинистерот Спасовски е за темелна истрага, некој ги злоупотребува институциите

Министерот Спасовски е за темелна истрага, некој ги злоупотребува институциите

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски откако беше вовлечен во скандалот со фалсификување на лични документи вели дека поддржува целосна и темелна истрага која ќе треба да ги даде сите одговори за тоа кој се е вмешан во аферата, за која цел и да не се создава медиумска фама и хајка.

За време на денешната прес конференција како главна тема се истакна поседувањето на податоци за лични идентите на граѓаните кои се вистински и дека такви може да поседуваат само државните институции кои се злоупотребени. spasovski„Ве потсетувам да обрнете особено внимание на ноторниот факт, повторувам, непобитен факт, дека на запленетите фалсификувани лични карти се видливи датумите на нивно издавање од 2009 и 2014 година. Исто така имињата и матичните броеви на фалсификуваните лични карти се точни. Нема бегање од фактот дека се злоупотребени идентитетите на граѓаните на Република Македонија, а само државните институции, повторувам, само државните институции поседуваат вакви податоци. Тоа говори дека е можна институционална злоупотреба, на што пак одговор ќе даде истрагата“, рече Спасовски.

Во ек е и контра обвинувањето за поврзаност на Спасовски и Заев со криминални структури кои се осомничени за фалсификувањето и дека меѓу нив имало комуникација. Спасовски вели дека се што е надвор од правилата на истрагата не оди во прилог.

„Токму затоа не е во интерес на јавноста нејзино дефокусирање со фабрикување случај во случај, исто колку што не е во интерес на истрагата да се објавуваат во јавноста детали од предистражната постапка, меѓутоа тоа е работа на јавното обвинителство коешто ја води оваа предистражна постапка и ова е уште еден доказ за точноста на напишаното во извештајот на Прибе за корумпираноста и криминогеноста на институциите на системот“, рече Спасовски.