Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМинистерот Нуредини и МЖСПП со различни СТАВОВИ уште пред да започнат меѓуинституционалните средби за иднината на ВОДНО!

Министерот Нуредини и МЖСПП со различни СТАВОВИ уште пред да започнат меѓуинституционалните средби за иднината на ВОДНО!

Во име на веќе доставеното барање за Водно, потпишано од 38 здруженија и иницијативи, сите ислушани јавни расправи досега и имајќи ги предвид бројните студии и експерти кои проговорија јасно и гласно за сестраната и комплексна важност на Водно, го повикуваме Министерот да ги објасни сите изјави и ставови што прострујуваат низ медиумите овие денови дека Министерството има изготвен став, и тоа изнесен во јавност преку Владата 4 дена пред највените меѓуинституционални средби.

„Се одржа привиот, се надеваме не и последен технички состанок во МЖСПП врзан за процесот за носење нова заштита за Водно (како Заштитен Предел согласно ЗЗП)“ велат од граѓанската иницијатива.
mzspp_nuredini
„Министре Насер Нуредини, зарем веќе имате заземено официјален став на Министерството?! Зарем сета дискусија и јавна расправа е само про-форма?! Кога ќе ја сослушате и експертизата која гласно говори?! До кога зад затворени врати, само меѓу неколку институции?! Транспарентноста недостасува. Се говори за значајно подрачје од јавен интерес! Да потсетиме: се расправа за нацрт-одлука, а не за имплементирање на веќе донесена Одлука и уште помалку се расправа за План на управување“ изјавија од иницијативата Го сакам Водно.

Во медиумите беше презентира изјава на Влада, во која се вели: …постои законска регулатива и различни институции за заштита на различните аспекти кои се покренаа како прашање во јавноста МЖСПП СМЕТА дека истата може да се постигне со ДОСЛЕДНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНСКИТЕ ОБВРСКИ И НАДЛЕЖНОСТИ, А БЕЗ ИЗРАБОТКА НА ПОСЕБЕН ЗАКОН ЗА ВОДНО КОЈ БИ БИЛ НАДВОР ОД ПОСТОЕЧКАТА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОСТАВЕНОСТ И РЕГУЛАТИВА.

Во медиумите ПРОДОЛЖУВА СТАВОТ НА МЖСПП: ИНСТИТУЦИИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА НАЈДАТ НАЧИН КАКО ДА ГИ ВМЕТНАТ ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА НЕВЛАДИНИТЕ. ЌЕ СЕ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА ДА МОЖЕ ВОДНО ДА ДОБИЕ ПЛАНОВИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОПЛАВИ И ЕРОЗИИ, ОДГЛЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ШУМИТЕ, ЗА УРБАНИЗАЦИЈА, КАКО И ЗА ПП на ПЛАНИНАТА.

Само недела дена пред тоа пак, Министерот даде изјава „... ако има и други размислувања дека треба да се направи нов Закон за Водно, тогаш ќе размислуваме и за тоа“.  Јасно беше кажано дека одлуката не е конечна и дека  ќе се ислушаат и други релевантни институции.

Пред се, Забелешки имаат и релевантни институции и експерти. Не се работи само за тоа што забележуваат Невладините! Ве повикуваме да ја објасните ваквата јавна изјава преку медиуми – дека Министерството има изготвен став. Ако е така, зошто тогаш јавна расправа и замајување на сите засегнати, стои во реакцијата.