Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМинистерката Ременски најави кривична пријава против нејзиниот претходник!

Министерката Ременски најави кривична пријава против нејзиниот претходник!

Министерката Фросина Ременски објави дека ќе му поднесе кривична пријава за несовесно работење на Диме Спасов. Ременски со обвинувања кон својот заменик дека иако имал обврска, не одлучувал по жалбите на над 1.400 граѓани корисници на социјална парична помош.

„Спасов правото по закон да одлучува по жалби го пренел на лице на пробна работа во Министерството за труд и социјална политика што воопшто по закон нема право да учествува во решавање на предмети во управна постапка“, рече Ременски.

Освен Спасов, Ременски ја тужи и поранешната пратеничка Сузана Андонова оти таа е службеничката на пробна работа во Министерството, на која и е доверено да одлучува по жалбите.
Диме Спасов тужба ќе добие и од лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски, кој најави кривична пријава за за укинување на социјална помош на илјадници граѓани и ги принудува да ги вратат парите.

Ибраимовски ги повика Ромите да не ги враќаат парите и да не потпишуваат никакви согласности со Центрите за социјални работи. По оваа основа на околу 4.000 граѓани им е укината социјалната помош, а најголем дел се од скопско Шуто Оризари.