HomeДЕНЕШНАПолитикаМинистерката Ременски се сретна со претставници на вработените во „МЗТ Леарница АД“

Министерката Ременски се сретна со претставници на вработените во „МЗТ Леарница АД“

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со синдикалните претставници на вработените во „МЗТ Леарница АД“ на која беа изнесени проблемите со коишто подолго време се соочуваат работниците во однос на исполнување на нивните права од работен однос и безбедноста и здравјето при работа.

На состанокот присуствуваше претставник од Државниот инспекторат за труд и Прекршочната комисија при Министерството за труд и социјална политика. Беа донесени заклучоци кон кои ќе се пристапи во периодот што следи со цел на намалување на штетните последици од кршењето на обврските на работодавачот, согласно со Законот за работните односи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com