HomeДЕНЕШНАСветМинатата година убиени 115 новинари

Минатата година убиени 115 новинари

novinar-mrtov

Минатата година беше особено смртоносна за новинарите, констатираше денеска Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО). Во соопштението на УНЕСКО, кое беше објавено денеска по повод Меѓународниот ден за борба против неказнивоста на злосторствата против новинарите, беа наведени шокантни податоци за убиство на 115 новинари насекаде во светот во текот на 2015 година.

Најмногу претставници на медиуми се убиени минатата година при конфликтите во Сирија (13 лица) и Ирак (10 лица). На трето место е Франција со осум новинари, каде сите жртви загинаа при нападот на редакцијата на сатиричниот весник „Шарли ебдо“ во јануари 2015 година.

Потоа следуваат Бразил, Мексико и Јужен Судан со по седумина убиени новинари и Индија, Либија и Филипините каде се убиени по шест претставници на медиумите.

Според податоците на Организацијата, од 2006 година до сега се убиени вкупно 827 новинари поради нивната работа, или во просек по еден на секои пет денови.

– Убиствата на странски дописници обично привлекува најголемо внимание, но 95 отсто од жртвите се убиени токму во нивните земји, посочува УНЕСКО.

Организацијата е вознемирена бидејќи 92 отсто од напаѓачите на новинари останале неказнети.

– Последици: престапниците од тоа можат да си донесат заклучок, дека што и да се случи, тие ќе останат неказнети, предупредува УНЕСКО.

Меѓународниот ден за борба против неказнивоста на злосторствата против новинарите се одбележува од 2014 година, во согласност на резолуцијата на Генералното собраие на ОН.

Таа е донесена на 18 декември 2013 година во чест на француските новинари Жислен Дупон и Клод Верлот од радиото „Ер Еф И“, кои беа убиени на Мали на 2 ноември истата година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com