Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМилошоски: Сакаат по секоја цена да дојдат на власт и да извршат притисок врз судството

Милошоски: Сакаат по секоја цена да дојдат на власт и да извршат притисок врз судството

Пратеникот Антонио Милошоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека СДСМ и ДУИ можеле и многу порано да поднесат иницијатива од 20 пратеници за избор на нов претседател на Собранието, но тоа не го направиле бидејќи се плашеле да излезат на локални избори и само сакаат на мала врата да ја „протната“ платформата од Тирана.

– СДСМ, Зијадин Села и Џеват Адеми имаа можност многу денови пред нивниот предлог да дадат 20 пратеници за избор на претседател на Собрание. Не го направија тоа затоа што знаат дека не се подготвени да излезат на локалните избори и намерно го пробија рокот. Локалните избори нема да се одржат затоа што СДСМ и ДУИ не се подготвени да излезат на локални избори. Сега им се брза бидејќи се договорија за платформата од Тирана, сакаат да ја протуркаат набрзина, се наближуваат судските рочишта во мај за предметот „Поткуп“, сакаат по секоја цена да дојдат на власт, да извршат притисок врз судството и еден човек да се спаси од криминалот макар и по штета на националните интереси на Република Македонија. Не бараме ништо друго освен во ова Собрание на секој пратеник да му се дозволи по точката за која се расправа да го искаже своето мислење, така како што сме ја почнале оваа седница, така и да ја завршиме. Не може интересот на еден човек и неговата амбиција наместо да биде на суд, да биде на столчето за премиер, да биде залог за целата држава, истакна Милошоски.

Претходно пратеничката Радмила Шекеринска посочи дека има иницијатива од најмалку 10 пратеници и мнозинство од 62 гласови за избор на нов спикер па затоа треба веднаш да се промени точката од дневен ред на расправата за комисијата за избори и именување за да се одблокира Собранието од театарот на ВМРО-ДПМНЕ.