HomeДЕНЕШНАПолитикаМилошоски вети набавка на медицинска опрема вредна 33 милиони евра

Милошоски вети набавка на медицинска опрема вредна 33 милиони евра

antonio-milososki-miting

Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа изборна единица 5 од Охрид посочи дека во програмата на коалицијата „За подобра Македонија“ се предвидени вкупно 33 милиони евра за набавка на најсовремени медицински апарати и опрема за здравствените установи низ Македонија

  • За здравствените установи во рамки на Петтата изборна единица предвидена е набавка на 930 медицински апарати, со вкупна вредност од 6,5 милиони евра, од кои три милиони евра за охридските болници и установи, рече Милошоски.

Тој најави и целосна реконструкција на Клиничката болница во Битола, обнова и реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, завршна фаза на реконструкција на Центарот за кардиоваскуларни болести во Охрид, како и реконструкција и опремување на болницата во Кичево.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com