HomeДЕНЕШНАПолитикаМилошоски тврди дека не ја менува политиката и партијата за нова професија

Милошоски тврди дека не ја менува политиката и партијата за нова професија

Антонио Милошоски како еден од најистакнатите членови на ВМРО-ДПМНЕ кој изминатите години извршува врвни политички функции посочува дека нема намера да се повлече од политиката се додека граѓаните му даваат поддршка. На големо се шпекулираше дека Милошоски ќе се повлече од претстојните избори и дека нема да биде дел од трката за новото Собрание.

„Ќе бидам дел од политичката трка. Секоја друга професија која што би можел да ја работам како професор, нотар или научен соработник, ќе биде во мирување сѐ додека имам поддршка од граѓаните и од партијата да извршувам обврски во интерес на државата“, изјави Милошоски за МКД.мк.

Претходно се шпекулираше дека Милошоски ќе работи како нотар, но тој засега ги демантира ваквите наводи. Инаку Милошоски на сите претходни изборни циклуси беше носител на пратеничка листа најчесто во 5-тата изборна единица, а извршуваше функции како Министер за надворешни работи и потпреседател на Собранието. Тој се споменува како можен наследник на челната позиција во ВМРО меѓу Тодоров и и Попоски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com