HomeДЕНЕШНАПолитикаМилошоски од Кичево – Автопатско поврзување и со делница до Гостивар

Милошоски од Кичево – Автопатско поврзување и со делница до Гостивар

milososki-kicevo

Антонио Милошоски, екс министер и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на граѓаните на Кичево им вети продолжување на новиот автопат кој ги поврзува Кичево и Охрид со посебна автопатска делница до Гостивар.

avtopat-obnova

– Денеска со задоволство во Кичево ќе ги презентираме новите проекти. Прво довршување на автопатот Кичево –Охрид, започнување на изградба на автопатна делница Кичево-Гостивар, а во меѓувреме реконструкција на постоечкиот пат. Започнување на иградба на пат Кичево – Бошков мост- Дебар,  со што градот ќе добие веќе епитет на вистинска крстосница и завршување на некои локални патишта кои се важни за околината во Кичево. Имаме намера исто така да се изградат две градинки во Кичево, една спортска училишна сала во училиштето „Кузман Јосифовски Питу“ и една причистителна станица која што е потребна за речните сливови  во Кичево, во вредност од седум милиони евра. Така што сите овие проекти, заедно со странската инвестиција која што ја имаме и очекуваме да се проширува, веруваме дека ќе придонесат во голем дел за унапредување на стопанството во Кичево, што е наша најголема потреба, рече Антонио.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com