Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМило Ѓукановиќ останува премиер на Црна Гора

Мило Ѓукановиќ останува премиер на Црна Гора

Црногорскиот Парламент доцна синоќа и изгласа доверба на Владата на премиерот Мило Ѓукановиќ. За доверба на Владата се изјаснија 42 пратеници, а 20 беа против. За добивање доверба на владиниот Кабинет му беа потребни најмалку 41 глас – јави Фена. За владината доверба се изјаснија пратениците на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ, на опозициската Позитивна Црна Гора и на партиите на националните малцинства.

Против гласаа пратениците на блокот опозициски партии, но и на помалиот партнер во владината коалција – Социјалдемократската партија (СДП) на претседателот на Парламентот, Ранко Кривокапиќ. Во завршното обраќање пред изјаснувањето на пратениците, Ѓукановиќ соопшти дека го прифаќа планот за надминување на политичката криза во земјата, предложен од партијата Позитивна Црна Гора и ја повика опозицијата да се вклучи во работата на Владата.

Аналитичарите во Подгорица оценуваат дека синоќешното гласање во црногорскиот Парламент претставува дефинитивен крај на коалицијата меѓу ДПС и СДП, која датира уште од 1998 година.