Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМилијарди евра заработка од рециклиран отпад

Милијарди евра заработка од рециклиран отпад

И додека другите земји со отпадот се во економска и еколошка загуба, Германија има совршен систем кој ја чува околината, заработува пари и отвора нови работни места. Рециклираните материјали се три до четири пати повредни од отпадот од кој настануваат.

Во Германија, процесот на рециклирање е просперитетна гранка во индустријата. Годишно, германците заработуваат и 200 милијарди евра од рециклирање. Оваа економска гранка годишно расте за 14 отсто и обезбедува работа за околу 250.000 лица.

Луѓето учествуваат во рециклирањето на начин што го селектираат нивниот отпад според материјалот од кој е направен и така и го фрлаат. Пластика во еден контејнер, хартија во друг, а шишињата во посебна канта. Луѓето почнаа да го одделуваат отпадот, за подоцна тој да може да се рециклира.
otpad2Германија во 1991 година донесе и закон за пакување, со кој ги обврза сите производители да преземат одговорност за својот производ и откако ќе го продадат. Така се воведе дуалниот систем. Тоа е претпознатлив знак „зелена точка” која производителите ја ставаат на производи што можат да се рециклираат.

Од самиот почеток на рачно одделување на отпадот, Германија стигна до усовршен систем со употреба на инфрацрвени сензори и магнети. Денес рециклирањето стана „хај-тек“ индустрија. Научници и инженери работат на подобрување на технологијата, а веќе и во текот на процесот на дизајнирање на производите се води сметка за тие подоцна полесно да се рециклираат. Денес 40 отсто од собраната пластика прецизно се сортира по видови. Азија на големо увезува германски рециклиран суров материјал.

извор:Дојче Веле