Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМилијарда Индијци цела година бесплатно со 4Г интернет благодарение на овој човек

Милијарда Индијци цела година бесплатно со 4Г интернет благодарение на овој човек

Индија прави огромен исчекор во примена на 4G технологијата, најмногу благодарение на бизнисменот Мукеш Амбани, кој ќе инвестира 20 милијарди долари за развој на мобилните услуги и поврзувањето.

До крајот на оваа година Индијците ќе можат бесплатно да ја користат услугата Realiance Jlo што значи дека приближно 1 милијарди корисници ќе се поврзат со 4G мрежа , а од почетокот на 2017-та година, тие ќе треба да плаќаат по 149 рупии или 2,25 долари месечно.

Инвеститорот Амбани посочува дека главниот мотив му е да ја поврзе Индија во модрениот свет и им овозможи пред се на младите да ги користат новите технологии, да учат и да напредуваат, а токму во нив лежи иднината на земјата.

Во моментов само една петтина од возрасната популација на Индија има интернет конекција. Земјата има малку зони со бесплатен Wi-Fi, а квалитетна врска е реткост во посиромашните региони.