HomeДЕНЕШНАРегионМиленко и Божидар причина за македонско бугарски тензии?

Миленко и Божидар причина за македонско бугарски тензии?

Националниот исторски музес донел одлука на директорскиот совет да го возобнови бугарски воен споменик на врвот Кајмакчалан, соопшти директорот на Националниот историски музеј професор Божидар Димитров за „Фокус”.

„НИМ има големо искуство во возобновувањето на воени гробишта и споменици во Македонија, досега сме обновиле над 10”, рече тој и додаде дека вратените гробишта и споменици се во Ново Село, Струмичко, во Мало Чичево, Прилепско, во село Беранци, Битолско и во село Дреново, Гевгелиско.

Проф. Димитров додаде дека ќе бидат обновени и воените гробишта на 8-миот Приморски полк во село Фума што е вандализиран, но е речиси цел. „Таму исто со чекан се скршени имињата на загинатите бугарски војници, а пирамидите останале”, објасни тој.

Според зборовите на Божидар Димитров НИМ досега, освен десетте воени гробишта и споменици кои ги опоравиле во Македонија, опоравиле и два споменика и во Србија, а исто така и над 15 споменици на територијата на Бугарија.
Според македонските власти сепак спомен плочата на Кајмакчалан е подигната нелегално. Ова станува јасно од официјалното соопштение на македонското МНР.

„Плочата е нелегално поставена и очекуваме од нашите пријатели од Бугарија да ги почитуваат меѓународно признатите процедури за поставување на спомен плочи. Очекуваме институциите да ги обесхрабрат сите кои поставуваат спомен плочи на територијата на друга земја и кои потоа можат да бидат чин на насилство или да предизвикуваат негативни чувства кај граѓаните “, пишува на сајтот на македонското Министерство за надворешни работи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com