Tuesday, Mar 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМилчо Манчевски ќе го предводи филмското жири на фестивал во Локарно

Милчо Манчевски ќе го предводи филмското жири на фестивал во Локарно

Најтрофејниот македонски филмски режисер Милчо Манчевски е претседател на жири на 68. филмски фестивал во Локарно, Швајцарија, еден од петте најголеми светски фестивали од А категорија, што трае од 5 до 15 август 2015 година.

Најуспешниот македонски режисер Милчо Манчевски е претседател на жири комисијата на  68то издание на филмски фестивал во Локарно, Швајцарија.

Станува збор за еден од петте најголеми светски фестивали од А категорија, што годинава  трае од 5 до 15 август.

man;evski 2

Милчо Манчевски го предводи жирито на селекцијата „Леопарди на утрешнината“, за кратки и среднометражни филмови, една од 4-те официјални селекции за награди на фестивалот. Во „Леопарди на утрешнината“ се прикажуваат дела од млади автори кои допрва стапнуваат на сцена.

„Почестен сум да бидам дел од фестивал прочуен по промоцијата на нов талент и авторски уметнички филмови“, изјавил Манчевски. Во чест на Манчевски, на фестивалот ќе биде прикажан и неговиот наградуван филм „Мајки“.

Локарно беше отворен вчера со светската премиера на „Рики и екипата“ на оскаровецот Џонатан Деми со Мерил Стрип во главната улога. Фестивалот е прославен по проекциите на отворено, на главниот плоштад со гледалиште од 9.000 места.