HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМилан заинтересиран за поранешен фудбалер на Интер?!

Милан заинтересиран за поранешен фудбалер на Интер?!

96062_640

Двајца претставници на „Росонерите“ го следеле везистот на Реал Мадрид Матео Ковачиќ во натпреварот од Лигата на шампионите меѓу екипата на Реал Мадрид и Спортинг Лисабон. Во Милан в еќе некое време ги ценат квалитетите на хрватскиот везист, се обидоа да го доведат и изминатото лето на позајмица, но во Реал не сакаа ниту да слушнат за таков нешто.

Се чини дека сега го обновиле интересот, бидејќи двајца претставници на миланскиот клуб Марко Фасоне и Масимилиано Мирабели, го проследиле гостувањето на Реал Мадрид во Лисабон во кое екипата на „Кралскиот клуб“ успеа да забележи триумф со резултат од 1:2. Хрватскиот интернационалец има 22 години, а е под договор со Реал до 2021 година.

Нема сомнение дека Реал ќе биде тврд преговарач, бидејќи имаат забрана за регистрирање на фудбалери до 2018 година. Ковачиќ оваа сезона забележа 14 настапи во дресот на „Кралскиот клуб“ во сите натпреварувања и еднаш успеа да се запише и во листата на стрелците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com