HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМилан му ја спасува кариерата на плејмејкерот на Арсенал?!

Милан му ја спасува кариерата на плејмејкерот на Арсенал?!

wil490030020160520212635

Италијанскиот клуб сака да го засили својот везен ред. Фудбалскиот клуб Милан ја разгледува опцијата за доведување на фудбалерот на Арсенал Џек Вилшер, пренесуваат италијанските медиуми. Англискиот репрезентативец се наоѓа на позајмицаво Борнмаут за да се обиде да се врати во вистинската форма после серија на тешки повреди.

Вилшер минатото лето одби да се пресели во Милан бидејќи сакаше да остане во Арсенал и да се бори за место во првиот тим, но беше испратен на позајмица, па можеби и ќе се предомисли следното лето. Милан планира големи инвестиции со кинеските инвеститори на чело, а покрај Вилшер желба на италијанскиот гигант се уште и Фабрегас и Милан Бадељ од Фиорентина.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com