HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМилан го чека дуелот меѓу Стоук и Вест Хем, еве и зошто!

Милан го чека дуелот меѓу Стоук и Вест Хем, еве и зошто!

freevector-ac-milan387488020150208112805

„Росонерите“ би требало да бидат еден од најактивните тимови на трансфер пазарот во јануари. Сега на мета на екипата од „Сан Сиро“ се наоѓа и еден напаѓач, а според последните шпекулации во прашање е фудбалерот на Јувентус кој се наоѓа на позајмица во редовите на Вест Хем, Симеоне Заза. Италијанецот не се снајде најдобро во Англија и на првите девет настапи не успеа да го пронајде патот до мрежата на ривалите.

Имено, во договорот со Јувентус стои дека Вест Хем има обврска доколку Заза одигра десет натпревари за клубот да го откупи неговиот договор. Значи, доколку го видиме на теренот против Стоуксе ќе биде јасно, односно Билиќ ќе смета на него и во иднина, а доколку не го видиме во тимот тоа би значело дека во приказната би можел да се вклучи и Милан.

Монтела бара уште еден напаѓач, Заза веројатно би можеле да го добијат за околу 15 милиони евра. Што е сосема прифатливо за 25-годишниот напаѓач кој на „Чизмата“ го пронајде рецептот за давање на голови, но тоа некако барем до сега тешко му оди на „Островот“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com