HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМилан го посакува „Ел Папу“ во своите редови!

Милан го посакува „Ел Папу“ во своите редови!

Atalanta's Alejandro Gomez celebrates after scoring a goal during the Italian Serie A soccer match between Sassuolo and Atalanta at the Mapei Stadium in Reggio Emilia, Italy, Sunday Nov. 6, 2016. (Elisabetta Baracchi/ANSA via AP)

Милан „загриза“ за фудбалерот на Аталанта, се верува дека тој одлично би се вклопил во нивната игра. Според информацииите од италијанските медиуми, тренерот на „Росонерите“ Винченцо Монтела го посакува офанзивецот Алехандро Гомез. Аргентинецот од редовите на Аталанта игра во многу добра форма оваа сезона, додека екипата на Аталанта се наоѓа на високата пета позиција на табелата во италијанското првенство.

Џан Пјеро Гасперини сака да го задржи во своите редови, бидејќи тој е еден од најдобрите поединци во неговата екипа. Сепак, популарниот „Ел Папу“ би можел да ја напушти Аталанта доколку биде испратена понуда од 20 милиони евра за неговите услуги. Омилениот Аргентинец меѓу навивачите има договор со Аталанта до 2020 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com