Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМијалковски до Хан: Овој народ нема да ја прифати Тиранската платформа

Мијалковски до Хан: Овој народ нема да ја прифати Тиранската платформа

Дарко Мијалковски од иницијативата „За заедничка Македонија“ на протестот пред Собранието вечерва упати низа прашања кон комесарот Јоханес Хан.

Прашува дали Хан е тука за да дели правда или има двојни аршини и зошто не го слуша гласот на народот.

Мијалковски праша дали она што сака Хан да го наметне овде важи и кај нив.

„Тука сме да ви порачаме дека овој народ нема да ја прифати Тиранската платформа, тоа е исто како да барате од САД да ја прифати нуклеарната програма на Северна Кореја. Господине Хан нема дискриминирани Албанци во Македонија, напротив доколку се прифати платформата македонскиот народ ќе стане малцинство, нема да ја прифатиме платформата како вие што не ја прифативте нашата средба“ – рече Мијалковски.

Тој на крајот порача да се поздрават сите пријатели во Брисел и да им кажат дека нема да се прифати Тиранската платформа.

Веќе 23 ден се протестира во Скопје и во другите градови. Од иницијативата  „За заедничка Македонија“ порачаа дека ќе протестираат се додека не се отфрли платформата на албанските партии.