Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМијалков во СЈО – ќе даде исказ или ќе бара увид во доказите?

Мијалков во СЈО – ќе даде исказ или ќе бара увид во доказите?

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде би требало даде исказ за некои од случаите за кои го гони СЈО. Сепак, имајќи предвид дека досега ниту еден од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ нема дадено исказ, голема е веројатноста и Мијалков да побара увид во доказите.

Мијалков пристигна околу 13 часот придружуван од адвокатот Љупчо Шврговски, но не сакаше да даде изјава за медиумите пред да влезе во просториите на СЈО.

Засега од СЈО не откриваат за кои слуачи Мијалков е повикан на распит. Тој е осомничен во повеќе случаи на СЈО, меѓу кои „Тортура“, „Таргет“ и „Тврдина“.