Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМијалков си замина без да даде изјава, а СЈО не кажува за кои случаи е повикан

Мијалков си замина без да даде изјава, а СЈО не кажува за кои случаи е повикан

Два часа траеше распитот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во Специјалното јавно обвинителство, но и понатаму е непознато за кои случаи тој беше повикан денеска да даде исказ, пишува „Мета“.

По излегувањето од просториите на СЈО, Мијалков не сакаше да даде изјава за медиумите, а за тоа за што е повикан упати на одговор во Обвинителството.

Оттаму, пак, и покрај нашите прашања не откриваат за кои случаи поранешниот директор на УБК беше повикан на распит.

Мијалков во СЈО се појави заедно со неговиот нов адвокат и поранешен државен јавен обвинител, Љупчо Шврговски.

Поранешниот директор на УБК е осомничен во неколку предмети на СЈО, меѓу кои се „Таргет“, „Тврдина“, „Тортура“.