Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМијалков махинално со пиштол во авион

Мијалков махинално со пиштол во авион

Екс директорот на УБК Сашо Мијалков бил приведен на белградскиот аеродром откако во неговата патничка торба бил пронајден пиштол. Тој за медиумите изјави дека заборавил на пиштолот и не знаел дека се наоѓа во торбата пред да отпатува, но проблематично е пропустот на аеродромските власти во Скопје од каде полетал бидејќи оружјето не било пронајдено, ниту проверено.

mijalkov

Мијалков потоа бил ослободен од српските полициски власти откако е расчистено дека оружјето е лично негово и поседувано со дозвола, но и поради неговата висока функција во минатото. Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со соопштение во кое го посочија пропустот на аеродрсмкото обезбедување и дека господинот Мијалков ја признал грешката со опомена до опозицијата да не го користи овој случај за политички поени.

Сепак, мора да се даде одговор зошто пропустот е направен и дали секој може да пројде на скопскиот аеродром со оружје во багажот и да влезе во авион, што е секако голем потенцијалн безбедносен пропуст. Од ТАВ соопштија дека станува збор за индивидуална персонална грешка и дека се спроведува внатрешна истрага за лоцирање на одговорноста.