Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМихајловиќ се договорил со Торино?

Михајловиќ се договорил со Торино?

Српскиот фудбалски тренер Синиша Михајловиќ ќе го превземе Торино, пренесуваат италијанските медиуми. Според овие шпекулации, Михајловиќ, кој неодамна беше заменет во Милан, но се уште е под договор со „росонерите“ се договорил со претседателот на Торино Урбан Каир а потпише двегодишен договор вреден милион евра по сезона, со опција соработката да ја продолжи и до 2019 година.

Тој на клупата на Торино би требало да го наследи Џанпјера Вентура, кој ќе ја превземе функцијата селектор на Италија, откако Конте потпиша за Челси. Михајловиќ својата тренерска кариера ја започна како помошник на Роберто Манчини во Интер, а потоа започна самостојна кариера и ги водеше екипите на Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија и Милан, а беше и селектор на репрезентацијата на Србија.