Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМихајловиќ официјално нов тренер на Торино

Михајловиќ официјално нов тренер на Торино

Спрскиот тренер Синиша Михајловиќ е именуван за нов тренер на Торино, соопшти италијанскиот клуб. Михајловиќ на клупата на „биковите“ ќе го замни Џампјер Вентура, кој после Европското првенство најверојатно ќе стане селектор на Италија. Торино е шести клуб од Серија А кој ќе го води Михајловиќ, откако ги водеше клубовите на Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија и Милан.

„Голема чест е да се работи во клуб со толку славна и престижна историја каква што поседува Торино. Ова е единствено место со одлична публика која ширум Италија е позната по својата страст и поврзаност со тимот. Во тоа се препознавам и самиот себеси“, изјави Михајловиќ.